Времето денес ќе биде сончево со мала до умерена облачност.
Претпладнево по котлините долж Повардарието ќе има услови за појава на слаба магла. Преку денот времето ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува умерен, а во западните делови повремено засилен ветер од северозападен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -3 до 3, а максималната ќе достигне од 7 до 14 степени.
Во Скопје претпладне со појава на магла, а во текот на денот сончево со умерена облачност. Ќе дува слаб ветер од северен правец. Максималната температура ќе достигне до 10 степени.