Овие бои помагаат во постигнувањето на целите

Американскиот експерт за бои, Кејт Смит, тврди дека боите имаат слично влијание врз нас како музиката, бидејќи директно влијаат на нашите сетила.

Таа, заедно со нејзиниот тим психолози, разви необична теорија за моќта на бојата во нашиот секојдневен живот. Според неа, боите се моќна алатка бидејќи брзо се препознаваат и на нив реагираме побрзо од зборовите. Тaa особено ја истакнува палетата на бои кои се состојат од бела, црвена, зелена, жолта, портокалова и сина. Според неа, овие бои можат да помогнат да се постигнат или прилагодат целите и желбите.

Што претставува секоја боја

Белата боја претставува нов и освежувачки почеток. Тaa препорачува освежување на гардеробата или подобрување на работниот простор со бело.

Црвената боја не е резервирана само за празници. Носењето црвено може да ја зголеми продуктивноста, да обезбеди повеќе енергија и ентузијазам за сите аспекти од животот, од љубов до работа.

Зелената боја се поврзува со здравје и фитнес. Редовното носење на оваа боја може да ги олесни физичките активности и да ја поттикне желбата за овошје, зеленчук и генерално здрава храна.

Боите како црвената, жолтата и портокаловата го привлекуваат нашето внимание повеќе од другите и не поттикнуваат да трошиме, предупредува Кејт Смит.

Сината боја се поврзува со кариерата. Носењето на оваа боја може да биде корисно за постигнување професионален успех, особено за време на деловни разговори.

Покрај тоа, Кејт Смит дава совети за користење одредени бои при пишување на хартија:

Црвената боја се препорачува за пишување листа на задачи.
Можете да користите сина боја за пишување финансиски документи.
Можете да користите зелена боја за теми поврзани со семејството и роднините.
Можете да користите жолта за да креирате распореди и календари.

Треба да знаете
Последни објави