Поради магла намалена видливост до 50 метри кај Демир Капија

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено во зимски услови по претежно влажни коловози.

Поради појава на магла се бележи намалена видливост до 50 метри во Демир Капија, информира АМСМ, во пладневниот извештај за состојбата на патиштата.

Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.

Во сила е законската обврска за задолжително поседување зимска опрема во возилата.

Треба да знаете
Последни објави