Најголем звозен производ на Србија веќе не се малините, туку софтверот, кој годишно расте со стапка од 40 проценти. Бројот на вработени во ИКТ секторот е шест пати поголем и вклучува не само програмери, туку и професии како економисти и психолози, велат од Стопанската комора на Србија (ПКС), нагласувајќи дека дигитализацијата е веќе тука, дека тоа е неизбежно, како и дека нема компанија или личност во светот на бизнисот што не користи дигитални алатки, вештачка интелигенција и други предности на технолошката револуција.
Дигитализацијата, као што пренесуваат од Комората, го брише јазот меѓу градското и руралното, што најдобро говори податокот дека 300.000 регистрирани фарми и земјоделци ја користат дигиталната база на податоци е-аграр, што е и најпребаруваниот збор на Интернет во Србија годинава.
Под влијание на современите технологии, деловното опкружување радикално се промени, како и структурата на економијата во Србија, додека дигитализацијата го брише јазот меѓу урбаните и руралните области, рече тој.