УНИЦЕФ објави дека санитарните услови во Газа се исклучително лоши и дека целиот Појас Газа е пред колапс поради недостиг на вода.
Се наведува и дека се зголемува опасноста од ширење на заразни болести во палестинската енклава.
„Децата се принудени да пијат солена или загадена вода, што ги става во ризик да се разболат и да умрат“, се вели во соопштението на УНИЦЕФ.