Џејсон Момоа не се изложува на прекумерни напори: Нема повеќе да правам одредени вежби

Џејсон Момоа му се придружи на Марк Волберг и стана една од акционите ѕвезди кои ја менуваат тежината на нивните тренинзи како што стареат. Ѕвездата на Аквамен кој наполни 45 години не го исклучи целосно кревањето тегови од својата рутина, но признава дека се сомнева дека ќе се врати на некои од вежбите.

„Ќе кревам тегови кога се подготвувам за филм, но има одредени вежби кои мислам дека нема да ги направам повторно, како кревање тегови на рамна клуп. Едноставно нема смисла повеќе да го правам тоа. Ќе користам повеќе справи за растегање“, рече тој за Men’s Journal.
Момоа ја донел таа одлука за да се заштити од прекумерен напор.

„Одвреме-навреме сè уште сум во искушение да ја максимизирам тежината со која работам, но свесен сум дека тоа може да направи повеќе штета отколку добро“, откри тој.

Во последно време тој многу тренира со кетлбелови и траки за отпор. Тој смета дека се работи за реквизити кои одлично делуваат на сите делови од телото.

Треба да знаете
Последни објави