Заборавете на антибиотиците, постои подобар начин да се ослободите од грипот!

Штом ги почувствувате првите симптоми на грип и настинка, реагирајте на време и испробајте го оној природен лек кој најмногу ви одговара.

Со помош на овие 3 народни, природни лекови ќе бидете здрави за само 24 часа, испробано и докажано!

Замена за топлите пијалаци во прав

Наместо аналгин во прав, во 1 ½ литар зовриена, па оладена вода додајте 1 лажица крупна морска сол, сок од 1 лимон и 10 грама витамин Ц (екстракт, во прав).

По желба, засладете со мед. Целата течност добро промешајте ја и испијте ја во рок од час и половина, а доколку почувствувате потреба, повторете ја постапката во текот на наредните неколку часа.

Вкусен пијалак кој ги брише првите симптоми на настинка

Загрејте околу 100ml црно вино и во виното додајте половина лажичка мелен бибер и 1 лажица мед.

Пијалакот промешајте го, загрејте го по ваша желба и испијте го пред спиење.

Пиво и зачини во борба против грип

Загрејте половина литар од било кое пиво, темно или светло, а кога ќе се загрее додадете 2 лажици мед, половина лажица цимет и неколку парчиња сушено каранфилче.

Пијалакот консумирајте го пред спиење во мали голтки. Од прво вкусот ќе ви биде чуден, но неговата делотворност е неверојатна.

Го поттикнува потењето, а воедно и ја намалува кашлицата.

Треба да знаете
Последни објави