Зеленски санкционираше 134 фирми и 51 физичко лице

Во саботата, украинскиот претседател Володимир Зеленски санкционираше неколку компании и поединци, во време додека војната со Русија продолжува.

Според указот објавен на претседателската веб-страница, санкции се наметнати на 134 субјекти и 51 поединец, главно интернет провајдери, неколку фарми и земјоделски претпријатија, трговската куќа Фаворит груп и истражувачкиот центар Спектрум, пренесува Аваз.

Санкции беа воведени и за Леонид Блаватник, британски државјанин со украински корени, кој своевремено беше нарекуван еден од најбогатите украински претприемачи и Вадим Ермолаев, кипарски Грк, кој се вбројува меѓу стоте најбогати украински бизнисмени.

Санкциите се воведуваат за период од три до десет години, а се однесуваат на замрзнување на имотот и забрана за секакви деловни зделки со санкционираните.

Треба да знаете
Последни објави