Во касарната „Страшо Пинџур“ во Петровец денеска ќе се одржи традиционалната церемонија на пристигнување на Дедо Мраз со транспортен воен хеликоптер од составот на Армијата и доделување на новогодишни пакетчиња на деца на припадници на Армијата и Министерството за одбрана.
Манифестацијата е во организација на воздухопловниот ВИНГ.
Оваа активност, која традиционално се одржува секоја година во пресрет на новогодишните празници, особено е интересна за најмладите не само поради симболично пристигнување на „Дедо Мраз“ со хеликоптер, туку и можноста да ги разгледаат армиските хеликоптери.