Овој пат ви носиме мал „трик“ со чија помош можете да слушате „YouTube“ дури и кога правите нешто сосема друго на вашиот „Android“ телефон.
Не треба ништо да инсталирате, се што ви треба е „Google Chrome“, кој дефинитивно го користите на вашиот телефон.
Следете ги овие едноставни упатства:
1. Отворете го прелистувачот „Chrome“ на вашиот телефон
2. Одете на „YouTube.com“ и пронајдете го видеото што сакате да го репродуцирате
3. Пуштете го видеото, а потоа во горниот десен агол изберете го менито (три точки) и потоа „Desktop site“ (или некоја негова варијација).
4. Откако видеото ќе се репродуцира во „Desktop“ режим, излезете и готово.
5. Вашето видео ќе паузира за момент, но само повлечете од врвот (каде што се известувањата) и има контроли за повторно да го репродуцирате.
Се надеваме дека овој трик ќе ви помогне.