Во воените дејствија во Газа за два дена загинале повеќе од десетина израелски војници

Повеќе од десетина израелски војници се убиени викендов во борбите во Појасот Газа, соопшти израелската војска. Ова соопштение дојде по некои од најкрвавите денови од војната од почетокот на копнената офанзива на Израел кон крајот на октомври.

Во борбите во централниот и јужниот дел на Појасот Газа во петокот и саботата, загинаа 13 израелски војници, што, според новинската агенција Асошиетет Прес, покажува дека палестинската милитантна група Хамас сè уште им нуди силен отпор на израелските војници по повеќе од два месеци воена кампања.

Зголемениот број на загинати меѓу израелските војници веројатно ќе биде важен фактор за поддршката на израелската јавност за војната што започна кога милитантите предводени од Хамас го нападнаа јужниот дел на Израел на 7 октомври, убивајќи 1.200 луѓе и земаа 240 заложници.

Војната опустоши големи делови од Појасот Газа, според последните статистички податоци што ги објави министерството за здравсво во енклавата убиени се над 20.258 Палестинци, а раселени се околу 85% од 2,3 милиони жители на Газа.

Треба да знаете
Последни објави