Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, на социјалните мрежи сподели фотографија како јаде јаболка непосредно пред акцијата за разбивање на протестот во Белград.
„Моменти на одмор во претседателството. Важно е да се зачува мирот, да се уапсат насилниците и да се обезбеди иднината на нашите деца. Сакам, драги пријатели, да знаете дека секогаш сум на моето работно место и подготвен да ја заштитам стабилноста на земјата, повикувам на воздржаност, но и недвосмислено чувајте ја државата. Нашата Србија. Една единствена“, напиша Вучиќ.
Околу 22 часот припадниците на полицијата и жандармеријата започнаа акција со масовни сили за разбивање на протестот во Белград, при што се случија насилни инциденти пред градското собрание. За кусо време демонстрантите беа разбиени.