Британскиот боксер Ентони Џошуа во спектакуларен меч во Ријад го победи Швеѓанецот Ото Валин со технички нокаут по пет рунди борба. Џошуа ја оправда фаворитската улога и сега во кариерата има скор од 27-3. Валин немаше решение за ударите на Џошуа, поради кои на крајот побара прекин на мечот во петтата рунда.
Решавачкит момент од бокс-мечот се случи во вториот дел од петтата рунда. Џошуа го удри Валин со лево кроше по што сериозно го затресе Швеѓанецот, кој издржа до крајот на рундата, но неговиот тим одлучи да „фрли пешкир“ на паузата помеѓу петтата и шестата рунда.
Во кариерата Џошуа загуби само еднаш од Енди Руиз и двапати од Усик. Селеден противник на Британецот би можел да биде Хрватот Филип Хрговиќ.