Познатиот сплав Картел во Нов Белград потона ноќта меѓу саботата и неделата, нешто по полноќ, во време кога на него имало голем број млади луѓе кои дошле да го гледаат концертот на сараевскиот рапер Цунами, пишуваат српските медиуми.
На полицијата по дојавата и биле потребни седум минути за да стигне до сплавот „Картел“, а на терен биле сите расположливи спасувачки единици на МВР на Србија, како и екипи за итни случаи.
Како што информираат од белградскиот МУП, на терен биле 25 пожарникари и спасувачи со шест возила и специјалистичка екипа за спасување и водоводна работа. Пристигнувајќи на местото на несреќата констатирале дека сплавот „Картел“ тоне и евакуирале 30 лица кои се нашле на дел од понтонот и на самиот сплав. До утрото не можеа да потврдат дали има жртви.
Една девојките за „Блиц“ изјавила дека настанало вистинско стампедо кога сплавот „Картел“ почнал да тоне.