Економските политики на СДСМ даваат конкретен резултат, растат платите и пензиите. Просечната плата СДСМ ја зголеми и веќе надмина 630 евра. Нашето ветување за просечна плата го надминавме, порача на денешната прес-конференција Дарко Каевски, пратеник и портпарол на СДСМ, и додаде: -Во времето на ДПМНЕ, во 2016 година, просечната плата изнесувала 360 евра. Со ДПМНЕ работниците земале дури за 270 евра помала просечна плата од денеска. ДПМНЕ беше фокусирана на споменици и жални врби, СДСМ е посветена на граѓаните, на работниците. За ДПМНЕ работниците беа само евтина работна сила, за СДСМ работниците и нивниот животен стандард се важни. Затоа минималната плата во времето на ДПМНЕ беше 9.000 денари а во некои области во текстилната и кожарската индустрија и помала. СДСМ ја зголеми минималната плата и денеска изнесува над 20.000 денари. Не сме веќе земја со евтина работна сила туку земја која го вреднува, почитува и цени трудот на сите работници. Сите овие бројки потврдуваат дека СДСМ успеа да ја зголеми реалната куповна моќ на граѓаните и нивната благосостојба. Во октомври имаме раст на платите кое е за околу 5 пати поголем од растот на инфлацијата, што е мерлив доказ за тоа дека економските политики на Владата за повисоки и достоинствени плати и низата на мерки за намалување на инфлацијата даваат мерлив резултат. Повеќе за сите е и мерката за поголеми плати на работниците во приватниот сектор од 3.000 – 9.000 денари од новиот пакет антикризни мерки. Работодавачот ќе плаќа само персонален данок, а има целосно ослободување од придонесите за пензиско и здравствено осигурување за делот на зголемувањето на платата. Со СДСМ растат платите, со СДСМ работниците имаат повеќе.