Основното јавно обвинителство Велес поведе постапка против едно лице за кривичното дело – загрозување на сигурноста.
Станува збор з a татко кој ја загрозил сигурноста на сопствениот син со тоа што му се заканувал дека ќе го убие него и целото негово семејство.
„Синот, кој инаку живеел во Швајцарија, се вратил во велешко село заедно со семејството. Меѓутоа, таткото му забележал затоа што тој и неговиот брат ја примиле да живее во странство мајката, која се пожалила дека трпи насилство во домот. Жената во моментов била кај другиот син во Данска, а осомничениот со закани по живот инсистирал да ја вратат дома“,соопшти Обвинителството.
Осомничениот е во 8 дневен притвор.