Државниот секретар на САД, Ентони Блинкен, изрази „длабока загриженост“ за судбината на Алексеј Навални кој веќе три недели не се знае каде е и нема никакви вести за него од рускиот затворски систем.
„Длабоко сме загрижени за тоа каде се наоѓа Навални, кој речиси три недели се изгуби во рускиот затворски систем. Уште еднаш повикуваме на негово итно ослободување и запирање на продолжителните репресии против независните гласови во Русија, напиша Блинкен на социјалната мрежа Х.