На социјалните мрежи се појавија видео снимки од моментот кога сплавот „Картел“ во Белград почнува да тоне.
На една од снимките објавена на Инстаграм се гледа како присутните на сплавот, се обидуваат да го напуштат објектот, влегуваат во студената вода и се обидуваат што поскоро да стигнат до брегот.
На тонењето претходела турканица помеѓу дел од гостите и обезбедувањето, јавуваат српските медиуми.