Во вторник ќе се знае цената на струјата, до крајот на месецов сите струјомери ќе бидат сетирани за отчитување во ефтина тарифа

Во вторник ќе се знае по која цена потрошувачите ќе ја плаќаат струјата по Нова година. Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ) тогаш ќе објави и колкав ќе биде надоместокот за пренос и дистрибуција на електрична енергија. Енергетските компании побараа раст на цената за 27 отсто, но првиот човек на РКЕ, Марко Бислимоски, во неколку наврати кажа дека промената на цената нема да им донесе ценовни шокови за потрошувачите.

ЕВН ги уверува граѓаните дека до крајот на месецов сите ќе можат да користат електрична енергија според евтина тарифа во попладневните часови од 13 до 15 часот.

– Корисниците на кои први им се укинала евтината тарифа, сега први добиваат евтина тарифа. Ниту еден корисник нема да биде оштетен. До крајот на месецот сите броила ќе бидат сетирани, освен тие кои се недостапни како: броила во затворени објекти, викендички и слично. Неделата на СЕТИРАЊЕ на корисникот е усогласена со периодот на отчитување. Значи ако е корисникот во првата недела на отчитување, во првата недела од месецот му било сетирано броилото. Ако е втора група, сетирањето е во втората недела. Електродистрибуција поседува 170.000 далечински броила и 630.000 обични дигитални броила за кои е потребно време физички и со присуство на лице место да се сетираат, велат од ЕВН.

Треба да знаете
Последни објави