Политичката партија ДОМ која е дел од владејачката коалиција формирала тим кој по празниците ќе почне разговари за коалицирање со СДСМ на претстојните парламентарни избори, информираше вечерва претседателката на ДОМ Маја Морачанин.
Во гостување на ТВ Сител, Морачанин рече дека на Централниот одбор на ДОМ донеле одлука да влезат во преговори со СДСМ за заеднички настап на претстојните парламентарни избори. -Извршниот одбор формираше тим, очекувам по празниците да разговараме со СДСМ и ќе видиме што ќе биде исходот, рече Морачанин.
Таа посочи дека за ДОМ е прифатливо Талат Џафери да биде технички премиер во преодната влада, а Јован Митревски претседател на Собранието.
Морачанин истакнува дека не се откажале од уставните измени, од една изборна единица и од владеење на правото.