Земјотрес со јачина од 5,8 степени според Рихтеровата скала го погоди регионот Биобио во северниот дел на Чиле, соопшти Европско-медитеранскиот сеизмолошки центар. Засега нема извештаи за повредени лица или материјална штета, ниту пак е издадено предупредување за цунами .
Чиле се наоѓа во таканаречениот Огнен прстен на Пацификот – најсеизмичкиот регион на Земјата. Земјата периодично ја потресуваат земјотреси, од кои некои се смртоносни.
Претходно, земјотрес со јачина од 4,6 степени беше регистриран и кај Тајван, кој се наоѓа на другата страна на Огнениот прстен на Тихиот Океан. Земјотресот се случи на длабочина од 16,5 километри од ретко населениот источен брег на Тајван и едвај се почувствува на островот.