Со детски новогодишни претстави, настап на над 40 музички ѕвезди и голем број на разновидни активности вечерва во центарот на Скопје беше отворен празничниот базар.
Базарот е во организација на „Комора на музичка индустрија“ и Град Скопје, а ќе трае четиринаесет дена.
На вечерашното отворање на базарот кој го отворија младите музичари од Дајте музика, присуствуваше и градоначалничката на Град Скопје Данела Арсовска која на присутните им посака следната година да ја одбележат среќата, здравјето, радоста, хумнаноста и солидарноста.
-Сметам дека најважно од се е на нашите граѓани, не само на Град Скопје, туку и на Македонија е да им посакаме да ги поминат новогодишните празници незаборавно, да уживаат во програмата која Комората на музичарите ја изготви за нив. Ова ќе бидат две незаборавни недели за нив и се надевам дека се она што било лошо изминатата година ќе се заборави и ќе можеме сите да се посветиме на следната година, порача Арсовска.
За дочекот на Новата 2024 година, на Плоштад „Македонија“ ќе настапуваат Тин Камп, Лејдис Оркестра, Пауза за ракија, Тринити Стрингс, Слаткар, Дарио, Мерак Меана со Сузана Гавазова, Влатко Миладиновски, Стојне Николова, Блага Петреска и Душко Георгиевски.