На 24.12.2023 во Кавадарци, полициски службеници од ОВР Кавадарци ги лишиле од слобода Н.Р.(21) и Ш.Д.(19), двајцата од Кавадарци.
При претрес во нивниот дом, извршен со наредба од Основен суд Велес, биле пронајдени и одземени пет пакувања со марихуана и едно пакување со хашиш.
За настанот бил известен јавен обвинител, а лицата биле задржани во полициска станица. По целосно документирање на случајот, против нив ќе биде поднесена соодветна пријава.