Претседателот на Република Србија, Александар Вучиќ, доби честитка по повод претстојните новогодишни и божиќни празници од претседателот на Руската Федерација, Владимир Путин.
На картичката пишува:
„Почитуван господине претседателе,
Срдечно ви ги честитам новогодишните и божиќните празници.
Без оглед на тешката ситуација во светот, односите меѓу Русија и Србија, кои се засноваат на вековните традиции на пријателство и духовна блискост, се развиваат во конструктивен дух.
Сметам на продолжување на нашиот дијалог и продуктивна заедничка работа за актуелните прашања од билатералната, регионалната и меѓународната агенда.
На вас, на вашите роднини и на најблиските ви посакувам добро здравје, благосостојба и успех, а на братскиот српски народ мир и просперитет.
Со почит,
Владимир Путин“, се вели во честитката на претседателот Путин.