На последното рангирање за тенисерите во 2023 година, најдобриот македонски играч, 19-годишниот Калин Ивановски годината ќе ја заврши како 326. рангиран на АТП-листата. Во однос на минатонеделното рангирање бележи пад од една позиција, но во однос на годишното сумирање на резултатите бележи голем напредок, бидејќи 2022 година ја заврши на 540. место.
Најдобриот македонски тенисер во моментов е во Дубаи каде тренира со најдобриот тенисер во светот Србионо Новак Ѓоковиќ, кој 2023 година ќе ја заврши на првата позиција на АТП ранг листата, што е рекродна 405. недела за него на оваа позиција. Натаму следуваат: Карлос Алкараз, Данил Медведев, Јаник Синер, Андреј Рубљов , Стефанос Циципас итн.
Од другите македонски тенисер, Горазд Србљак заврши на 1.052 место, а Обрад Марковски на 1.454 позиција.
Од македонските тенисерки најдоброрангирана на ВТА-листата е Лина Ѓорческа (29) која наредниот месец ќе настапи на Австралија опен во Мелубурн, во квалификациите, по трет пат во кариерата. Таа е на 213. позиција во поединечна конкуренција, а во двојки е 364-та. Кај жените на првата позиција на ВТА листата и натаму е Ига Швјaтек од Полска, пред Арина Забаленка од Белорусија и Коко Гаф од САД.