При претресот полицијата пронашла импровизирана експлозивна направа во куќата во селото Гостоне во која живеел студентот кој во четвртокот уби 14 лица во зградата на Филозофскиот факултет на Карловиот универзитет во Прага, изјави портпаролот на полицијата Јан Данек.
Најверојатно имал намера да ја разнесе куќата, а полицијата и пожарникарите спречиле можна трагедија, истакна Данек, пренесува Интернационалното радио Прага.
На Филозофскиот факултет во Прага во четвртокот студент уби 14 и рани 25 лица, а потоа се самоуби.