По 20 дена неизвесност Навални е лоциран во затвор на северот од Русија

Затворениот критичар на Кремљ и на рускиот претседател Владимир Путин, опозиционерот Алексеј Навални е лоциран во затворска колонија во северна Русија, откако му се изгуби трага пред речиси три недели, изјави неговата портпаролка денеска.

-Го најдовме Алексеј Навални. Тој сега е во ИК-3 во населбата Харпа во автономниот округ Јамало-Ненец, напиша Кира Џармиш на мрежата Икс.

Адвокат го посетил претходно во текот на денот. Навални „се чуствувал добро“, објави „Москва тајмс“.

Локацијата и состојбата на Навални беа непознати откако неговите адвокати последен пат се сретнаа со него на 5 декември, што предизвика загриженост дека неговиот живот може да биде во опасност.

Навални беше префрлен во затворската колонија Харпа како дел од неговата нова 19-годишна затворска казна за „екстремизам“.

Тој претходно бил во затворот ИК-2 во Владимирската област во централна Русија, каде одлежувал казна поради обвинение за измама.

Треба да знаете
Последни објави