Џорџ Клуни откри како со помош на трик со Дедо Мраз успеал да ги научи децата да бидат мирни.
-Моите деца, за моја среќа, сè уште веруваат во Дедо Мраз, па кога се немирни и во текот на летото, се преправам дека се јавувам на Дедо Мраз или дека тој ми се јавува. Прашува како им е на децата, а кога ги прашувам како им е, тие кукаат и велат дека ќе бидат добри и мирни. И тогаш јас се извлекувам. Дедо Мраз ми помага да ги воспитам – призна Клуни.
Холивудскиот актер и неговата сопруга адвокатка Амал имаат две деца, близнаците Ели и Александар кои имаат шест години.