Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски денеска на прес-конференција се пофали дека во општини предводени од градоначалници од ВМРО-ДПМНЕ следната година ќе се реализираат бројни капитални објекти.
Аеродром, Бутел, Ѓорче Петров, Гази Баба, Битола, Штип, Прилеп, се само дел од општините каде ќе се реализираат капитални проекти со кои Мицкоски кој иако не е дел ниту од локалната, ниту од централната власт, денеска се фалеше на „долго и на широко“.
Малку срамежливо, но сепак кон крајот на прес-конференцијата, Мицкоски истакна дека средствата за финансирање на таквите проекти се од државниот буџет, или како што кажа тој, од „парите на граѓаните“.
Целосната вистина е дека средствата за сите проекти со кои денеска се фалеше Мицкоски е обезбедени преку прифаќање на амандмани во собраниската расправа при носењето на Буџетот за 2024 година.
Благодарение на парламентарното мнозинство, за следната година од државниот буџет ќе се одвојат 32,5 милиони евра за реализација на капитални проекти во 44 општини.
Меѓу нив се градинките во Аеродром, Бутел, Ѓорче Петров и Кисела Вода, училишта во Гази Баба и Кисела Вода, спортски сали и терени во Штип и Велес, улици и патишта во Битола и Пехчево со кои денеска се фалеше Мицкоски.
Кој ги дели општините на подобни и неподобни?
Мицкоски во денешното свое излагање посочи дека кога тој и неговата ВМРО-ДПМНЕ ќе ја презеле централната власт, немало да ги дели општините според партиската припадност на градоначалниците кои ги водат.
„Идната влада на ВМРО-ДПМНЕ нема намера како тоа што го правеше до сега владата на СДСМ и ДУИ или ДУИ-СДСМ да ги двои општините на подобни и неподобни или онаму каде што се градоначалници на СДС-ДУИ да бидат подобни, сите останати да бидат неподобни. Ние такви општини немаме намера да класифицираме, туку сите општини на целата територија на Македонија на овие 26.000 квадратни километри ќе бидат инвестирани и ќе бидат реализирани такви проекти“ порача Мицкоски.
Тој констатира дека сегашната влада ги дели општините и не им помага на оние кои се предводени од градоначалници и совети од ВМРО-ДПМНЕ.
Но дали е тоа така?
Се чини дека последниот случај директно го демантира Мицкоски, затоа што парламентарното мнозинство прифати дузина амандмани поднесени од пратениците на ВМРО-ДПМНЕ а кои се однесуваатб токму на проекти што треба да се реализираат во општините предводени од опозициската партија.
Но тоа не беше случај кога ВМРО-ДПМНЕ ја предводеше централната власт и кога неколкуте општини предводени од тогаш опозициската партија СДСМ не добиваа ниту денар државна поддршка, а носењето на Буџетите се одвиваше во тензична атмосфера, еднаш и со насилно исфрлање на опозициските пратеници надов од планраната сала, а прифаќање на какви било амандмани од опозицијата, беше незамислив случај.