Мицкоски на сите верници од христијанска вероисповед кои се раководат според грегоријанскиот календар им го честита Божиќ

Лидерот на ВМРО ДПМНЕ, Христијан Мицкоски упати честитка по повод големиот христијнаски празник Божиќ.

-Од мое лично име и од името на ВМРО-ДПМНЕ на сите верници од христијанска вероисповед кои се раководат според грегоријанскиот календар да Ви го честитам големиот христијански празник Божиќ.

Нека најсветлиот празник Божиќ ви донесе мир и спокој и ги исполни вашите домови со радост. На овој ден кој означува раѓање на надеж за подобра иднина да ги споделуваме христијански вредности како почитта и хуманоста и заедно да си помагаме.

Токму надежта за подобро утре е тоа што не води отсекогаш и затоа е важно да бидеме сплотени и заедно да работиме за да ја создадеме подобар живот и иднина за нас и за нашите деца.

Тоа е многу важно затоа што живееме во едно тешко време со сиромаштија и безнадежност. Затоа во духот на денешниот ден треба да работиме тоа да го промениме. Сите обединети и заеднички да работиме да се смени секојдневието на подобро. Само сплотени, со почит и разбирање можеме да создадеме дела кои ќе ги остават позади нас несигурноста и безнадежноста, а ќе донесат успех, подобар живот и иднина во која веруваме. Македонија мора да стане земја на среќни граѓани.

Нека е за многу години големиот христијански празник Божиќ.
Христос се роди!
Навистина се роди!

Треба да знаете
Последни објави