Првоосомничениот за двојното убиство на 14-годишната Вања Ѓорчевска и 74-годишниот Панче Жежовски, контроверзниот бизнисмен-политичар Љупчо Палевски – Палчо при бегството од Македонија во Србија уште пред да почне официјалната истрага преку брз трансфер добил голема сума на пари од Швајцарија, открива КОД.
Со тие пари Палчо живеел неколку дена во Белград по што стасал во турскиот град Баликесир каде еден од соучесниците имал бизнис партнер.
Според КОД, киднаперите имале добро утврден план и рута кои биле вежбани со денови пред грабнувањето на Вања. Паркинг местото кадешто чекале било намерно избрано бидејќи било во мртов агол и тука не можеле да бидат фатени на камерите на „Сејф сити“.
Вања првично била однесена во подрумска просторија од која Палевски имал клуч и била негова. Таму и биле врзани рацете и нозете, по што била ставена во вреќа за спиење. Грабнувачите имале план грабнувањето да го реализираат порано, на 24 ноември- петок, меѓутоа се предомислиле бидејќи тој ден било многу раздвижено и прометно.