Абердин не сака да го продаде Миовски во јануари

Македонскиот фудбалски репрезентативец Бојан Миовски во првиот дел од сезоната постигна 14 голови за Абердин по што почнаа шпекулациите дека ќе го напушти шкотскиот тим во јануари. Селтик наводно веќе подготвил понуда за младиот македонски напаѓач, но играчот за врска на Абердин, Лејтон Кларксон верува мора да го задржат Миовски во клубот барем до следното лето. -Многу е важно да го задржиме Бојан. Тој нè спаси на многу натпревари. Би сакал да остане и знам дека тоа го сакаат и останатите во клубот. Миовски постигна 14 голови и тоа е многу добро за нас, кажа Кларксон. Миовски има договор со Абердин до јуни 2026 година, а тренерот на клубот, Бери Робсон кажа дека наскоро се планирале преговори и за продолжување на соработката.

Треба да знаете
Последни објави