Главни снабдувачи со енергенси за Европската унија се САД и Норвешка, стои во извештајот за третиот квартал објавен од Евростат.
Клучен добавувач со нафта на ЕУ во третиот квартал биле САД со 17,7 отсто удел, на второ место е Норвешка со 13,7 отсто удел, а трето Казахстан со 8,2 отсто, се наведува на сајтот на Евростат.
Во наведениот период ЕУ увезла речиси половина од природниот гас од Норвешка, поточно 48,6 отсто, следуваат Алжир 17,8 отсто, Русија 16 отсто и Велика Британија 10,6 отсто. Учеството на САД во европскиот увоз на течен природен гас (ЛНГ) е речиси 50 отсто, поточно 48,5 отсто, потоа Катар 14 отсто, Алжир 10,1 отсто, Русија 8,8 отсто.
Во третиот квартал од 2022 година, учеството на Русија во вкупниот увоз на енергија во ЕУ изнесувал 14,5 отсто, а една година подоцна падна на 6,5 отсто.