Колку долго смеете да користите лекови против болки?

Честопати лесно ги земаме лековите против болки, без да размислуваме за нивниот ефект врз телото.

Како делуваат најчестите аналгетици кои се достапни за секого и колку долго може да се земаат континуирано? Кога зборуваме за лекови против болки, особено е важно да се истакнат оние кои се достапни за продажба, а кои секој може да ги купи во аптеките.

Поради достапноста, обично се случува навикнување на нив.

Се пресметува според телесната тежина на лицето на кое му е наменет лекот и во повеќето случаи, за жал, „не делува“. Покрај тоа, не можеме да ја игнорираме улогата на болката, која е субјективен симптом. Болката е индивидуално чувство за секого и така мора да се третира секој пациент – индивидуално.

Овие лекови не се паметни и не знаат што точно ве боли, но делуваат на центарот за болка преку различни механизми и на тој начин го спречуваат непријатното чувство. На ист начин, повеќето од овие лекови не само што имаат аналгетски ефект, туку делуваат и против треска и воспаленија. Како и со се што се зема подолго време, може да дојде до навикнување, па и зависност. По некое време таблетите имаат послаб ефект на болката, па ни требаат поголеми дози.

Во некои други случаи, дозата што ја земаме е недоволна за рецепторите, па по извесно време потребно е се повеќе да се зголемува дозата.

Без разлика колку некои таблети се сметаат за „безопасни“, пред да се земе првата доза задолжително е да се прочитаат упатствата за лекот, каде во повеќето случаи е наведено препорачаното времетраење на употреба. Во случаи кога оваа информација не е наведена во инструкции, лекот се зема додека симптомите не се подобрат.

На пример, главоболката или менструалните болки не смеете да ги лечите подолго од 10-15 дена. Доколку симптомите не исчезнат, потребно е да се јавите на лекар бидејќи болката може да е поврзана со некои други болести.

Треба да знаете
Последни објави