Македонија го има решението за следливост на јаглерод диоксид во компаниите

Се отвора можноста Македонија да биде предводник на процесите за намалување на т.н. CO2 отпечаток на компаниите. Според последните написи, каде што предничи Клер Аделгрен, глобален шеф на ЕУ за продажба и операции на блокчејн, наведува дека компаниите мора да обезбедат следливост на производите, бидејќи битен елемент во намалувањето на штетните емисии на јаглерод диоксид зазема целиот синџир од производство до краен купувач.

Таа предлага воведување на т.н. Токени за јаглерод.

„Токенизирањето на емисиите на јаглерод – користејќи јавна блокчејн технологија – се издвојува како моќна алатка за компаниите да го ослободат целосниот потенцијал на доброволните пазари на јаглерод и да ги забрзаат сопствените напори за декарбонизација“, смета Аделгер.

Таа предлага воведување на блок чејн технологијата и како одлична можност за транспарентност, но и информирање на јавноста.

„Јавната блокчејн технологија се разликува по придобивките што ги дава – нејзината вродена непроменливост е клучна и ја воспоставува суштинската основа на довербата. Во случајот на пазарите на јаглерод, на компаниите им е потребна доверба од двете страни на равенката: во нивната мерка за намаленото негативно влијание (т.е. намалување на емисиите) и во нивната мерка за позитивно влијание (кредити).

Кога податоците се споделуваат на јавна дистрибуирана книга, компанијата исто така може да ја создаде многу потребната транспарентност. Покрај тоа, блокчејн технологијата овозможува поголема следливост на јаглеродните кредити преку синџирот на снабдување, намалувајќи го ризикот од двојно броење, како и намалување на ризикот од човечка грешка или измама преку употреба на паметни договори“, потенцира Аделгрен.

Од страна на една македонска бизнис асоцијација која се занимава токму со оваа проблематика бевме информирани дека и решението, но и системот е веќе разработен, па се очекува да биде презентиран пред релевантни меѓународни фактори, со што може да се случи Македонија да биде двигател на овие промени.

Сепак, според последните проценки, системот би чинел неколку милиони евра, но истиот како македонски бренд би можел да се најде во оптек, бидејќи истиот би се финансирал од повеќе аспекти.

Игор Мицкоски

Треба да знаете
Последни објави