Празничен хербален базар во организација на Социјалното претпријатие „БИЛКИЛАЈФ“ и СУГС „ Браќа Миладиновци“ Скопје

Празничен хербален базар ќе се одржи во средното училиште „Браќа Миладиновци“ Скопје на 27 декември, годинава. Базарот е во рамките на проектот „Хербална акција – засади ме, продади ме“, проект на социјалното претпријатие Билкилајф, во партнерство со училиштето, и социјалното претпријатие „Ин Виво“, а со поддршка на ЕФСЕ и Европската унија. Во рамките на активностите од проектот, беа спроведени низа работилници, на разни теми, во кои беа вклучени учениците од средното земјоделско училиште, меѓу нив и лица со попреченост.

Учесниците во проектот, се  здобија со неопходните знаења за правилно искористување на даровите од природата, одгледување и пакување на лековити и зачински растенија, нивно брендирање, пакување и промоција. Воедно,  се здобија и со основни познавања за социјалното претприемништво, потоа создавање на производи од природните ресурси, нивно пакување, промоција и продажба, учење за хербални градини и нивното користење. Преку активностите на проектот, се постигнуваат повеќе придобивки,  како и обука на млади, од средно образование, со можност за нивно насочување за искористување на потенцијалот на  рурални средини, природните ресурси и лековитите билки, како и за изработка на хербални градини и одгледување на лековити растенија. Се одржа  обука и за изработка на производи и лековити и зачински билки за во  хербални градини и производи набрани од природата, каде се вклучија членовите на социјалното  претпријатие „Билкилајф“, кои ги  обучуваа младите, во делот на нивното знаење на производите што веќе ги имаат. Потоа, се учеа младите да ги спакуваат и брендираат производите и да креираат маркетинг и ПР стратегија и кампања, за социјалните претпријатија, вклучени во Проектот, за да ја зголемат продажбата, со што ќе се помогне во процесот на постигнување поголема видливост на пазарот.Целта е да се подигне нивото на едукација за претприемништво и стекнување претприемачки дух кај младите, преку нивно вклучување во процеси на производство, продажба и маркетинг активности во функција на зголемување на пазарната видливост на претпријатијата.

Во рамките на Проектот учениците поминаа процес на учење, преку тематски работилници, за садење, берење, сушење и брендирање. Преку практична работа, со менторите, како и вклученост на професори, учеа за важноста на процесите до продажба на пазарот, а практичното знаење ќе го применат и ќе ги покажат своите продажни вештини на Празничниот хербален базар. Исто така, на работилница  учеа изработување на украсни и декоративни изработки, празнични подароци со зачински и лековити билки, за да може да ги продаваат на Базарот. Базарот е оворен од 16 часот, за сите граѓани и љубители на добрата празнична атмосфера исполнета со топол чај, цветни колачиња и многу пригодни подароци, изработени од учениците, од производите на социјалното претпријатие. На Базарот ќе учествуваат со свои изработки и учениците од основните училишта „Св.Климент Охридски“ и „Рајко Жинзифов“ од скопската населба Драчево, каде се наоѓа и средното училиште „Браќа Миладиновци“.

Овој проект, како и поврзувањето на социјалните претпријатија со стручното образование, е голема придобивка за заеднички развој и зајакнување на капацитетите.

Инаку, СУГС „Браќа Миладиновци“ е средно училиште  верифицирано да образова ученици од гимназиско и стручно образование земјоделско-ветеринарна струка. Земјоделско – ветеринарната струка работи по реформирана програма со следните образовни профили: агротехничар, техничар за агроменаџмент, техничар за фитомедицина, техничар по ветеринарна медицина.

„БИЛКИЛАЈФ“ е социјално претпријатие кое дел од своите средства ги вложува во подобрување на квалитетот на живот на лицата со попреченост, во делот на пристапноста во туризмот, создавање услови да користат услуги, како и постигнување еднакви можности за вработливост и нивно економско зајакнување.

Треба да знаете
Последни објави