Пожарот во Албанија излезе од контрола, на помош повикана и војската

По повторното активирање на пожарот во 12-катницата во албанскиот град Лушње, ситуацијата повторно е отежната и пламените јазици излегле од контрола, па војската морала да им помогне на пожарникарите, пренесува „Газета шкиптаре“.

Соопштено е дека повторно активираното жариште добило големи размери. Според овој портал, пламените јазици веќе зафатиле два ката од зградата, поточно третиот и четвртиот.

Се наведува и дека станарите од зградите во близина на зградата зафатена од огнот се евакуирани, а пламените јазици целосно го уништиле четвртиот кат од трговскиот центар, каде што се наоѓале неколку фирми.

Медиумот потсетува дека пожарот избувна во трговскиот центар „Метропол“, а потоа пламенот се проширил и кон околната зграда. Од 4-ти до 12-ти кат има станови, од каде се евакуирани сите жители.

Во меѓувреме, како што соопшти полицијата, по претходното нормализирање на состојбата, соопштено е дека во болница се 39 граѓани, како и уште тројца пожарникари.

Треба да знаете
Последни објави