Интегрален текст од изјава за медиуми на Љубица Јанчева координаторката на советничката група на СДСМ во Град Скопје
Почитувани граѓани,
Скопјани дишат загаден воздух а локалната власт на ДПМНЕ во градот не презема ништо.
ДПМНЕ има мнозинство во Советот на Град Скопје, води јавни претпријатија, има над 500 членови по управните и извршните одбори.
Нема мерки ни за намалување на тековното загадување, не се реализираат еколошки проекти, нема решенија за справување со загадувањето во Скопје.
ДПМНЕ во Скопје не прави ништо. Буквално ништо.
Утре пред советниците на Град Скопје е предлог Буџетот за наредната година.
Загрижува фактот дека во предлог буџетот има. Програми со намалени износи за за околу 70%, во однос на износот од лани.
Има програми со 0 денари предвидени средства за реализација.
Има и други ставки кои ни се нејасни.
Советничката група на СДСМ и коалицијата ќе подготви и ќе предложи амандмани со цел да се обидеме да влијаеме на подобрување на состојбите и на некои важни аспекти за Град Скопје.
Очекуваме амандманите да бидат прифатени.
Да не се дозволи политизација, ниту пак опструкции кои можат да бидат на штета на граѓаните.