Семејствата на заложниците кои ги држи Хамас протестираат во Тел Авив

Семејствата на заложниците кои ги држи палестинската милитантна група Хамас во Појасот Газа вечерва организираа протести пред седиштето на израелската армија во Тел Авив.

Тие протестираат пред зградата во која се одржува состанок на високи израелски воени претставници, пренесува Тајмс оф Израел.

На видеата објавени на социјалните мрежи се гледа како полицијата ги растерува демонстрантите што стојат пред конвојот во кој се наоѓа министерот за национална безбедност Итамар Бен Гвир.

Во нападот врз Израел на 7 октомври, Хамас уби околу 1.200 и киднапираше околу 240 луѓе.

Треба да знаете
Последни објави