Новата цена на струјата која ќе се пресметува од 1 јануари ќе биде позната денеска

Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ) денеска треба да ја соопшти новата цена на струјата, што ќе важи од 1 јануари.

Пресметките, според новите правила, ги направи ЕВН Хоум и вчера ги достави РКЕ, која треба да ги провери и да се произнесе по истите. Барањето на енергетските компании беше поскапување за 27%, но регулаторот јавно соопшти дека тој процент нема да го добијат.

Според најавите од владата, поскапување може да се очекува за третиот и четвртиот потрошувачки блок. Денеска ќе се знае и колку ќе чини новиот надоместок за пристап до мрежа, кој ќе го плаќаат сите домаќинства, без разлика дали трошат струја или не. Според пресметките, сумата би се движела од 50 до 250 денари, а за сметка на тоа ќе се намали ставката мрежарина, за 20 %..

Треба да знаете
Последни објави