Пепелта од огревното дрво може да биде одличен додаток на земјата, па затоа земјоделците често ја користат за прихранување на почвата.
Таа особено е погодна за растенија кои бараат повеќе калциум како доматот, спанаќот, лукот, но и розите. При садењето на овие растенија, добро е да додадете четвртина шолја од дрвена пепел во земјата.
Исто така, доколку измешате пепел со вода и ја оставите таа мешавина да отстои неколку дена, после цедењето можете да ја употребувате како одлично средство за чистење подови и сребрени работи, но и за дамки од ᾽рѓа на мермерни површини.
Со погуста смеса од пепел и вода, во вид на паста, можете да ги исчистите и дамките од мебелот. Исто така, доколку измешате од оваа паста со мало количество шампон, ќе добиете одличен препaрат против мрсна коса.
Пепелта ефикасно ги отстранува и непријатните миризби од домот, но и од фрижидерот, а дејствува слично како и белата киселина, која се користи за неутрализирање на миризби од мувлосани прехранбени производи.
Определени штетници, како полжавите и разни инсекти, не ја поднесуваат пепелта, па лесно ќе се ослободите од нив со ова средство. Ова важи и за мравките. Корисно е и во визбата да ставите во секое ќоше по малку пепел, како заштита од глувци, бубашваби и други штетници.
Пепелта може да биде корисна и при чистењето на вашите миленичиња од болви. Направете паста од пепел и алкохолна киселина со која ќе го намачкате миленичето. После овој третман, задолжително искапете го со чиста вода.