Помфритот е одлична храна што го зголемува расположението

Пржениот компир не е дел од здравата исхрана и здравиот начин на живот, но научниците ги открија добрите страни на оваа брза храна. Токму помфритот е одлична храна што го зголемува расположението, вели Мајк Грин, експерт за психологија на храна од Универзитетот Астон во Бирмингем.

Д-р Грин спроведе истражување на 60 жени и мажи, дозволувајќи им да консумираат помфрит по трагичниот филм за уништувањето на Хирошима од атомската бомба во 1945 година.

Сите испитаници пополнија прашалник за нивното расположение, како пред да го гледаат филмот, така и откако прочитаа списание додека конзумираа помфрит.

– Психолошките податоци покажаа дека испитаниците кои се чувствувале лошо претходно, се чувствувале подобро откако јаделе компири, а пржениот компир го избрка лошото расположение по само 20 минути – рече раководителот на студијата.

Научниците веруваат дека оваа нездрава храна има таков ефект поради јаглехидратите што ги содржи, и тие можат да го подобрат расположението. Причината може да биде тоа што помфритот со својот мирис и вкус ги потсетува луѓето на детството.

Треба да знаете
Последни објави