(Видео) Пендаровски го посети легендарниот актер Гоце Тодоровски и му го врачи Орденот за заслуги

Претседателот Стево Пендаровски го одликуваше со Орден на заслуги за Република Северна Македонија, долгогодишниот познат актер, Гоце Тодоровски.

Претседателот Пендаровски, орденот го донесе лично до Тодоровски, со кого имаше кратка и емотивна средба.

„Бард на македонското глумиште и еден од нашите најпочитувани и најпознати актери со извонредна кариера и богата биографија. Препознатлив по ведрината и енергичноста на сцената, но и по неговиот високо професионален однос кон работата. Гоце Тодоровски се одликува со Орден за заслуги за Република Северна Македонија“ објави Пендаровски.

Пендаровски на Тодоровски му посака добро здравје и скоро враќање на сцените, додека актерот се заблагодари на гестот на Претседателот, истакнувајќи дека тој се уште има волја да глуми, додавајќи дека со неогвите улоги, растеле три генерации а себеси се смета за „мал просветител“ како што самиот кажа.

Треба да знаете
Последни објави