Од 7 октомври, Израел уапси 4.795 Палестинци на Западниот Брег и Источен Ерусалим

Израелските сили, од 7 октомври досега уапсија 4. 795 Палестинци на Западниот Брег и Источен Ерусалим (Ал Кудс), јавува Анадолија.

Во заедничкото соопштение на Здружението на палестинските затвореници и Комитетот за прашања на палестинските затвореници, се вели дека израелските сили уапсиле уште 12 лица во рации минатата ноќ и утринава во Тулкерим, Рамала, Витлеем и Хеброн.

Тие потврдија дека бројот на Палестинците приведени од 7 октомври е зголемен на 4. 795. Се посочува дека израелските сили ги претепале луѓето што ги привеле и нивните роднини.

Тие додаваат дека се уништени куќите на Палестинците кои биле изложени на закани.

Треба да знаете
Последни објави