Пред Владата како предлог од Советот на јавни обвинители за функцијата државен јавен обвинител ќе се најде Љупчо Коцевски. Ако биде одобрен овој предлог ќе продолжи на гласање пред пратениците во Собранието на Македонија. За да биде избран нов државен обвинител, треба пратеничка поддршка од 61 глас. Доколку Коцевски не добие неопходно мнозинство, тогаш постапката се повторува и се распишува нов оглас.
Покрај Коцевски кандидати за наследници на Љубомир Јовевски кому му завршува мандатот беа и Фатиме Фетаи, која испадна од трката за републички јавен обвинител поради некомплетна документација, како и Лидија Раичевиќ која не доби позитивно мислење.
За Коцевски, Советот на јавни обвинители имаше едногласно позитивно мислење.