Железото е од клучно значење за правилното функционирање на телото, па затоа мора да се погрижиме да внесуваме доволно од него. Кога се обидуваме да го внесеме овој суштински минерал во нашата исхрана, треба да бараме храна која е богата со него, што вклучува месо и вегетаријански опции. Диететичарите наведоа неколку намирници богати со железо.
- Школки
Школките се еден од најдобрите извори на железо.
- Говедски црн дроб
Говедскиот и пилешкиот црн дроб имаат многу висока содржина на железо. Овие намирници можеби не се омилени на сите, но можат да бидат корисни.
- Сардини
Рибата е уште една добра опција за внесување повеќе железо во вашите оброци, особено сардините. Една порција од оваа риба содржи 4 милиграми железо. Другите конзервирани риби, како туна или лосос, исто така содржат околу еден милиграм железо по порција.
- Говедско месо
Црвеното месо е одличен извор на железо, велат експертите, а говедското месо е на прво место.
- Пилешко
Од посно месо можеме да добиеме големи дози на железо и протеини. На пример, една порција од приближно 100 грама пилешки гради содржи 26 грама протеини и околу еден милиграм железо.
- Мисирка
Месотоод миирк е уште една добра опција за збогатување на вашата исхрана со железо. Порција од 100 грама мелена мисирка содржи еден милиграм железо.
- Спанаќ
Спанаќот е веројатно најпознатиот извор на железо. Сто грама суров спанаќ содржи еден милиграм железо. Можеме да го јадеме како салата, во комбинација со други извори на железо, како што се пиперки или јагоди, за да му помогнеме на телото побрзо да го апсорбира железото.
- Леќа
Чаша варена леќа е преполна со хранливи материи. Содржи 18 грама протеини и 16 грама влакна.
- Грав
Гравот и мешунките можат да ни помогнат да внесеме доволно железо, особено ако не јадеме многу месо.
- Домати
Лесен начин да додадете малку повеќе железо во вашите сендвичи, супи и салати е преку доматите.
- Индиски ореви
Порција од приближно 28 грама индиски ореви содржи речиси два милиграми железо, што ги прави овие јаткасти плодови закуска богата со железо.
- Обогатни житарки
Во продавниците можеме да најдеме житарки збогатени со железо.