Над 10.000 плишани играчки го преполнија теренот на Штарк Арената вечерва во Белград, пред почетокот на натпреварот помеѓу кошаркарите на Партизан и Виртус во 17. коло од Евролигата.
Навивачите на Партизан масовно одговорија на хуманитарната акција која беше најавена претходните денови.
За секоја фрлена играчка, компанијата која е еден од спонзорите на Партизан, ќе донира 1.000 динари за набавка на зимска облека и обувки за социјално загрозените деца.