Собранието денеска треба да ја одржи 137-та седница, на која ќе се поставуваат пратенички прашања. Ваква пленарна седница се одржува секој последен четврток во месецот.
Ова е последна седница годинава за поставување пратенички прашања. Согласно практиката, први прашања на премиерот и министрите им поставуваат пратениците од опозицијата.