Рано утрово, грчката крајбрежна служба спасила 36 мигранти во морскиот дел, на 26 наутички милји јужно од островот Гавдос и сите се пренесени на Крит, јави дописничката на МИА од Атина.
Лицата се пренесувале во дрвен чамец, а ова е втор случај за нешто повеќе од 24 часа, на речиси идентична локација да бидат спасени мигранти.
Во текот на ноќта во вторникот, крајбрежната служба интервенираше за пронаоѓање и спасување на 38 мигранти во морскиот дел на 17 наутички милји јужно од ГавдосГавдос е најјужниот грчки остров и се наоѓа јужно од Крит.