Фатиме Фетаи доби негативна оценка како една од кандидатите за нов Јавен обвинител поради тоа што не доставила комплетна документација, изјавија вчера од Советот на јавните обвинители.
– Сметам дека во целост ги исполнувам законските услови за Јавен обвинител на РСМ предвидени во член 61 и член член став 1 од Законот за јавното обвинителство. Заради повреда на моето право за понатамошно учество во постапката за именување на Јавен обвинител на РСМ, во текот на утрешниот ден и писмено ќе се обратам до Советот на јавните обвинители со обраложено барање за преиспитување на Одлуката за отфрлање на документацијата како некомплетна, вели Фетаи.
Воедно, таа рече дека ќе бидат поднесени и две други барања и тоа: до Собранието на РСМ како надлежна институција за проверка на уредноста/комплетноста на документацијата, како и до Владата заради стопирање на понатамошниот тек на постапката за именување на Јавен обвинител се до конечно утврдување на (не)правилноста на Одлуката на Советот од 27.12.2023 година.
Од тројцата пријавени кандидати, Фатиме Фетаи од Вишото јавно обвинителство Скопје, Лидија Раичевиќ од Основното јавно обвинителство Скопје и Љупчо Коцевски од Јавното обвинителство, само за Коцевски е дадено зелено светло за заменик на Јовески.